Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91% во однос на Одлуката од 3.8.2021. година.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,876 денари за килограм.
Од 10.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 72,00 (денари/литар);
Моторен бензин еуросупер БС -98 74,00 (денари/литар);
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 62,50 (денари/литар);
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар);
Мазут М-1 НС 36,876 (денари/килограм).
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646%, дизелот за 3,041%, екстра лесното масло за 2,917 % и кај мазутот намалувањето е за 3,215%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548%.